Ливерпул синоќа многу убедливо во Бергамо ја совлада Аталанта со 5-0, а во средината на второто полувреме микрофоните покрај теренот снимија интересна конверзација на тренерот Јирген Клоп со судиите.
Беше досуден прекршок за Аталанта откако нивниот играч доби удар во лицето, а Клоп беше незадоволен што судијата реши да ја прекине играта и да свирне фаул.
„Сериозни сте? Мене петпати ми го кршеа носот и ниту еднаш не беше фаул“, му порача Клоп на судијата.
https://twitter.com/i/status/1323748591823966209