Урнебесна реакција на тренерот на Рома кога неговиот фудбалер го праша уште колку има за играње (Видео)

Екипата на Рома и вторпат го победи Милан и сосема заслужено обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на Европа. Волчицата рано дојде до високи 2-0 против Милан, но остана со играч помалку на теренот, па како што одминуваше времето, така играчите стануваа сè понервозни и со нетрпение го чекаа крајот на мечот.

Еден од моментите кои го привлече вниманието се случи во 72-рата минута, кога Диего Љоренте се доближи до тренерот на Рома, Даниеле де Роси, и го праша уште колку минути има до крајот на натпреварот, а реакцијата на предводникот на Волчицата беше урнебесна.

Иако не разбираме италијански, според гестикулациите, го прати да игра фудбал на теренот и да не се оптоварува со времето за игра или според онаа нашата, „ќе се игра додека судијата не свири крај“.

Angry and funny reaction by De Rossi during Roma-Milan
byu/ForzaInter_1908 insoccer

- Оглас -

Најнови вести