Најмладиот српски кошаркар во НБА лигата, Ален Смаилагиќ покажува дека одлично се вклопи во тимот на Голден Стејт со кого потпиша четиригодишен договор. Тој веќе го доби прекарот Смајли, а на клупската твитер страница беше објавено како тој носи полни кеси со традиционална балканска храна. Бурек и кебапи беа на менито за јадење, а секако со бурекот имаше и јогурт.
Џордан Пол и Ерик Паскал беа главните дегустатори на храната, а нивните реакции беа урнебесни. Американците се чудеа што храна е тоа што им ја нуди Смаилагиќ, но на крајот ја пробаа. Видеото може да го видите на линкот.