Кристијано Роналдо со повреда на мускулот на десната нога ги заврши репрезентативните обврски со Португалија, па сега треба да се фокусира на рехабилитацијата за да може да биде подготвен за дуелот на Јувентус против Ајакс во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Португалецот избегна суспензија од УЕФА поради начинот на којшто го прослави третиот погодок против Атлетико Мадрид во осминафиналето на ЛШ. Со тој погодок, Роналдо го одведе Јувентус во следната фаза од елитната лига на УЕФА. Прославата на Португалецот беше во ист стил како што на првата средба прослави тренерот на Атлетико, Диего Симоне.
Поради непристојната прослава, Симеоне беше казнет со 20.000 евра, а таа казна ја доби и Роналдо. Кога Португалецот беше запрашан каква му била реакцијата кога ја слушнал казната од УЕФА, Кристијано имаше одличен одоговор.
За тоа каква беше реакцијата на Роналдо, по дознавањето на казната од УЕФА, погледнете ТУКА.
Cristiano Ronaldo's reaction when asked about UEFA €20,000 finehttps://t.co/jBNaOliecC
— AS English (@English_AS) March 27, 2019