11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Урнебесно: српски таксист го возел Циципас, и не му верувал дека не е Гризман!

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас преку социјалните мрежи раскажа комична ситуација која му се случила во Чикаго.

Таму влегол во такси-велосипед, а возачот кој бил Србин, мислел дека патникот е фудбалерот Антоан Гризман.

„Ме погледна во очи и ме праша: Антоан Гризман? Му реков не. Тој ми намигна и ми рече: Добар обид. Претпоставувам дека сега играм за Атлетико Мадрид“, напиша Циципас.

Подоцна Гркот го убедил некако таксистот дека е тенисерот Циципас и пријател на Новак Ѓоковиќ, па сними и видео порака на таксистот до неговиот омилен тенисер и сонародник Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести