Помалку изненадувачки, но Нов Зеланд игра перфектно по првите две кола на Светското првенство за играчи до 20 години. Не само што има максимални шест бода, туку Нов Зеланд нема примено ниту еден гол досега, па затоа дуелот против Уругвај ќе биде вистински тест за силата на оваа селекција. Двете репрезентации се сигурни во нокаут-фазата, ова ќе биде борба за првото место во групата. Уругвај мора да победи ако сака да заврши како лидер во групата Ц, каде што Норвешка и Хондурас ќе играат во меч на отпишаните.
САД треба да има лесна задача во групата Д бидејќи игра против „фенерџијата“ Катар, кој не даде ниту еден гол по 180 минути во двете кола. На Украина ќе ѝ биде доволно бод за да остане лидер, а бод ќе биде доволно и за Нигерија да оди во нокаут-фазата.
Двојки за денеска: Норвешка – Хондурас (18 часот), Нов Зеланд – Уругвај (18 ч.), Нигерија – Украина (20:30 ч.), САД – Катар (20:30 ч.)