6.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Уругвај лесно ќе го помине Перу, ќе има голови на СП за жени

Розенборг – Кристијансунд (18 ч.)

Домаќините се далеку од посакуваната форма, па затоа и се на средината од табелата со повеќе порази од победи и повеќе примени голови, отколку дадени. Сепак, кога игра на свој терен, Розенборг секогаш е фаворит, а посебно традицијата со овој ривал вели дека во осум средби нема ниту еден пораз.

На шест од последните седум дуели на овие ривали, секогаш имало барем по четири голови, што ветува возбудлив меч. Затоа најдобро е да се игра на погодоци. За похрабрите интересна игра е и тоа дека ќе биде 5+, но за посигурна варијанта е да се изигра еден популарен тип.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.00) – Квота на денот во Sport Life

 

Камерун – Гана (19 ч.)

Гана веќе направи еден кикс откако одигра нерешено со Бенин. Сега нема да биде фаворит против Камерун, но може да даде достоен отпор. Во досегашниот дел од Афкон само четири меча завршија со повеќе два гола, што покажува дека се игра тврдо и мез многу шанси.

Сепак, фактот дека ова е дуел на две селекции кои имаат квалитет да нападнат и да бидат опасни во офанзивниот дел, е најава дека се очекуваат барем два погодоци.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.15) – Квота на денот во Sport Life

 

Уругвај – Перу (21 ч.)

Меч кој треба да го даде последниот патник во полуфиналето од Копа Америка. Дилеми нема, Уругвај е фаворит, но сепак Перу сигурно нема предвреме да се предаде. Со седум погодоци во трите меча од групната фаза, Уругвај покажа дека нападот му е најсилно оружје.

Перу не даде гол на два од трите меча во групата и само благодарение на триумфот против Боливија сега е во нокаут фазата. Луис Суарес и Единсон Кавани треба да ја завршат работата, па Уругвај да си обезбеди дуел против Чиле.

Предлог тип: 1&2-4 (2.60) – Квота на денот во Sport Life

 

Германија (Ж) – Шведска (Ж) (18:30 ч.)

Ова треба да биде дербито од четвртфиналната фаза на Светското првенство за жени. Германките засега се безгрешни на Мундијалот. Не само што имаат четири победи во четири меча, туку досега немаат примено ниту еден гол. Шведска даде осум гола во досегашните четири средби од турнирот, што само потврдува дека негова напаѓачка игра.

Германија е фаворит, не само поради формата, туку и поради традицијата. Од последните 10 меѓусебни меча, „панцерите“ имаат осум победи, Шведска се радувала еднаш, а еден дуел завршил нерешено. Во овие 10 средби карактеристично е тоа што дури седум биле 3+, па затоа и вечерва се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1+I &3+ (2.70)

 

Фалкенсберг – Елфсборг (18 ч.)

Домаќините се очајни, па по 12 дуели имаат само седум бода со само една победа досега. На домашен терен во шест средби имаат дадено само два гола, што е катастрофален биланс. Елфсборг игра променливо, а тоа е тим кој и дава и прима погодоци.

И традицијата е на страната на гостите кои имаат осум победи и две нерешени со овој ривал, без ниту еден пораз.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести