Уругвај во првиот дел не најде „лек“ за одбраната составена од петтемина Ким

Уругвај и Јужна Кореја играат досадни 0:0 по првиот дел на Светското првентво во Катар. Уругвајците имаа една голема шанса, кога Диего Годин со глава ја погоди стативата. Една добра шанса имаше и Јужна Кореја, но мрежите мируваа.

По првите 45 минути ниту една од двете екипи не упати ниту еден прецизен удар во рамките на противничкиот гол, што само потврдува за јаловоста во двете офанзивни линии.

На овој меч беше и најмалото судиско продолжување, па првиот дел се играше дополнително само уште една минута, за разлика од некои други средби, каде што продолжувањата беа и по 10+ минути.

- Оглас -

Најнови вести