Уругвајскиот фудбалер Себастијан Абреу потпиша договор со бразилскиот тим Атлетик Клуб де Минас Жераиш, кој се натпреварува во лигата Минеирао, а за 44-годишниот напаѓач кој активно игра уште од 1995 година, ова е дури 30-ти клуб за којшто има настапувано, со што веројатно е светски рекордер.
Ветеранот кон крајот на минатата година остана без клуб кога си замина од Бостон ривер. Абреу неверојатната кариера ја почна во клубот Дефенсор. Во Европа тој има играно за Ла Коруња, Реал Сосиедад, Арис, а бил член на повеќе големи клубови од Јужна и Средна Америка. Од 30-те клуба, само два (Рио Бранко и сега Атлетик) не играле во државно првенство и затоа не му се смета за Гинисов рекорд.