33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Уругвајски фудбалер загина откако со автомобилот излетал во езеро

Уругвајскиот фудбалер Масимилијано Переира загина во сообраќајна несреќа со својот автомобил. Популарниот Макси возел во близина на градот Минас, кога во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Автмобилот влетал директно во езерото кое се наоѓало во близина, а Переира не успеал да излезе. Сpасувачките екипи за брзо време пристигнале на местото на несреќата, но немало спас за фудбалерот чие тело било најдено заглавено во автомобилот, на дното од езерото.

Переира имаше 27 години, а во кариерата играше за Серо, Мирамар Расинг, Спорт bојс од Боливија, Депортиво Сантин во Парагвај, потоа за Ливерпул и Централ Еспањол.

 

- Оглас -

Најнови вести