Осиек одигра само 0-0 против Локомотива Загреб, и испушти убава прилика да се зацврсти на првото место во хрватскиот шампионат. Осиек редеше шанси, но не даде гол, а во судиското продолжение, овој тим немаше среќа.
Најпрвин Јосип Пивариќ на неверојатен начин ја погоди пречката од голот на Локомотива и за малку не си даде автогол откако голманот беше совладан, а потоа загрепскиот тим уште еднаш ја извади топката од самата гол-линија и се спаси од пораз, или поточно кажано спречи триумф на Осиек.
Двете ситуации може да ги видите ТУКА.
Сега Осиек има три бода повеќе од Динамо Загреб, но Модрите имаат и два меча помалку, од кои едниот го играат утре, а другиот е дерби со Хајдук.