Петицијата за прогласување недоверба во управата на Барселона на чело со Жозеп Бартомеу завршува денес во 15 часот, а недостасуваат уште 270 потписи за процесот да премине во следната фаза. Досега својот потпис го дадоа 16.250 членови на клубот, потребни се 16.520 за опозицијата да дојде чекор поблиску да го разреши Бартомеу од функцијата претредател на клубот.
Во меѓувреме е познато дека Каталонците ги закажаа претседателските избори за напролет следната година, за коишто се кандидираа четворица потенцијални оперативци, меѓу кои е и поранешниот прв човек на клубот Жоан Лапорта.
https://twitter.com/MesQueUnaMocio/status/1306465405997907968