Уште 45 минути надеж за Ливерпул, Барса е поблиску до финале

Ливерпул не се откажува од подвиг, со голот на Дивок Ориги води со 1-0 по првото полувреме, но се чини дека Барселона е поблиску до финалето.

Каталонците сè уште имаат голема предност, сега е 3-1 во вкупен резултат, но тоа е и најава за интересно последно полувреме од големиот полуфинален двомеч во Лигата на шампионите меѓу гигантите Ливерпул и Барселона.

Ливерпул мора да напаѓа за да даде барем уште два гола за евентуални продолженија, но мора да внимава и на својот гол бидејќи секој примен погодок ќе значи веројатно и крај на надежите за подвиг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести