Уште долго ќе се анализира недосудениот пенал за Барса, реакцијата на Анри е легендарна (Фото)

Уште долго ќе има реакции за недосудениот пенал за Барселона по играњето со рака на Дензел Думфрис во последните моменти од регуларниот дел на дуелот со Интер во Милано, а една од легендарните е таа на Тјери Анри.

Големиот француски ас и поранешен играч на Барса реагираше на интересен начин и комплетно ја спушти главата на масата во студиото откако коментаторот на мечот објави дека нема пенал.

Thierry Henry’s reaction to another reporter defending the no call penalty handball from Inter Milan from soccer

Интер победи со 1:0 во многу важен меч од третото коло во фазата по групи против Барса, а клучен момент беше токму недосудениот пенал во 90-тата минута.

Очекувано, навивачите на Интер ја бранат одлуката на Словенецот Славко Винчиќ да не досуди пенал за гостите, откако ја провери ситуацијата со помош на ВАР-системот, а симпатизерите на Барса исто така очекувано протестираат и сметаат дека нивниот миленик е оштетен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести