Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот ја потпиша уредбата со која на листата „проблематични“ државјани се најдоа и две земји кои ќе учествуваат на Светското првенство 2026. Се работи за Сенегал и Брегот на Слоновата Коска, чии државјани ќе имаат отежнати услови за добивање виза за САД и воопшто влез во земјата.
Ваквата одлука создава проблеми за нивните навивачи кои планирале да патуваат во САД и да ги гледаат натпреварите на нивните репрезентации, секако под услов да влегуваат со пасоши од овие земји.
Претходно забрана за влез добија и државјаните на Иран и Хаити. Сепак, сите четири земји имаат голема дијаспора и поседуваат државјанства и на други земји, а па со сигурност ќе имаат навивачи на трибините.
Репрезентацијата на Хаити која успеа да дојде до место на Мундијалот настапуваше со играчи што играат во клубови од друуги земји, а натпреварите ги играше на неутрален терен поради воената состојба во нивната земја.

