Уште еден чекор поблиску до титулата, Интер со пресврт и гол во 90+5 минута до триумф во Удине (Видео)

Фудбалерите на Интер со гол во петтата минута од судиското продолжение славеа со 2:1 на гостувањето кај Удинезе во последниот натпревар од 31-вото коло во Серија А.

Херој на Нераѕурите е Давиде Фратези, кој се најде на вистинското место откако шутот на Лаутаро Мартинес заврши во стативата и одбиената топка ја смести во мрежата на домашниот тим.

По триумфот, Интер направи огромен чекор кон освојување на титулата бидејќи на седум кола до крајот на сезоната е лидер на табелата со 82 бода, дури 14 повеќе од второпласираниот Милан.

На „Фриули“ домашните навивачи први се израдуваа поради голот на Лазар Самарџиќ во 40-тата.

Нераѕурите во 55-тата минута израмнија преку Хакан Чалханоглу, кој го реализира ударот од белата точка.

Трите бода на Интер му ги донесе Фратези со голот во 95-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести