Почетокот на средбата Џенова – Болоња утре, сабота, од 15 часот е терминот до којшто може да се вклучите со ваши типови во седмото коло на бесплатната Спортска прогноза и ако не сте го направиле тоа, сторете го, нема што да загубите, а може многу да добиете.
Во понудата се 13 интересни мечеви од топ лигите, а според процентите на играчите кои веќе прогнозирале, се наѕираат фаворитите на мнозинството.
Јувентус, Ливерпул и Интер се меѓу „сигуриците“ за викендов што доаѓа иако играат дерби-мечеви.
Старата дама игра дома со Лацио, а дури 82,6% од играчите веруваат во тимот на тренерот Тијаго Мота. Интер е најголемиот фаворит од гостинските екипи со 61,1% за победа, и тоа на тешкото гостување кај Рома, а премиерлигашкото дерби помеѓу Ливерпул и Челзи според повеќето играчи на Спортската прогноза, ќе им припадне на Црвените. Високи 72,4 отсто од прогнозерите типувале единица, а двојка на Челзи имаат само 8,7 проценти.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Резервните парови исто така треба да се одиграат, тие се сметаат во генералниот пласман.