Уште еден доказ за лошата сезона: Тренерот на ПСЖ не е ниту меѓу петтемина кандидати за тренер на сезоната (Фото)

Екипата на ПСЖ е лидер во француското првенство и ќе биде шампион на Франција, но колку нивните резултати се далеку од очекувањата, говори и фактот дека нивниот тренер, Криштоф Галтие, воопшто не е ниту меѓу кандидатите за тренер на сезоната.

Помеѓу петтемина предложени тренери се наоѓаат: Фонсека (Лил), Гастиен (Клермон), Хајс (Ленс), Монтајнер (Тулуз) и Тудор (Марсеј).

Најверојатно ова ќе биде последната сезона на Галтие на клупата на ПСЖ и Светците ќе имаат нов предводник во следната сезона. Прва цел на ПСЖ е освојување на Лигата на шампионите, нешто што и покрај големите вложувања, не можат да го постигнат.

- Оглас -

Најнови вести