Уште еден доказ за тоа каква машина за голови е Халанд, на 19 натпревари постигна повеќе голови од најдобрите стрелци во последните четири сезони

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, продолжува да соборува рекорди во Премиер лигата и во денешната победа на неговиот тим од 3:0 над Вулверхемптон ги постигна сите три гола.

Ова беше негов четврти хет-трик сезонава и до него дојде во само 19 одиграни натпревари покажувајќи дека е вистински страв и трепет за противничките одбрани и голмани.

Претходно, играч кој најбрзо дојде до четири хет-трика беше Руд ван Нистелрој на кого му беа потребни 65 натпревари.

Со трите гола против Волците, Халанд дојде до бројката од 25 гола сезонава и веќе постигна повеќе голови од најдобрите стрелци во изминатите четири сезони.

Во сезоната 2018/19, Обамејанг, Салах и Мане беа најдобри стрелци во Премиер лигата со по 22 постигнати голови, една сезона подоцна Џејм Варди даде 23 гола.
23 гола во сезоната 2020/21 даде и Хари Кејн, а минатата сезона титулата најдобри стрелци ја понесоа Салах и Сон кои дадоа по 23 гола.

Халанд до крајот на сезоната има да собори уште еден рекорд и ако продолжи со одличните игри, нема сомнежи дека ќе го стори тоа.

Имено, Халанд во останатите 18 натпревари во Премиер лигата треба да постигне дојде до два хет-трика и да го надмине рекордот на Алан Ширер кој во сезоната 1995/96 пет пати постигнувајше три гола на еден натпревар.

- Оглас -

Најнови вести