Уште еден доказ зошто е најголем во мак-фудбалот, Вардар се израдува на јубилејната 500 победа

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар минимално со 1:0 славеше над шампионот Струга во меч од 26 коло на Прва фудбалска лига. Со овој триумф, Вардар конечно избега од зоната за испаѓање и сега со 29 бодови е на осмото место на табелата.

Сепак тоа не значи дека Вардар е сигурен затоа што Црвено-црните имаат само еден бод повеќе од Воска која е на 10 место со 28 бодови и е во опасност да испадне.

Српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ беше стрелец на единствениот гол кој донесе победа на Вардар и тоа јубилејна. За Вардар ова беше 500-ти триумф во Прва лига. Тоа е првиот тим кој ја надмина оваа магична бројка од 500 победи, а колку за споредба, ниту еден друг клуб ја нема достигнато границата ниту од 400 триумфи, што само зборува за големината на Црвено-црните во мак-фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести