27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Уште еден ексфудбалер на Барселона ќе му се приклучи на Меси во Интер Мајами

Напаѓачот на Гремио, Луис Суарес, до крајот на годината ќе потпише за Интер Мајами и повторно ќе игра заедно со Лионел Меси, објавиja уругвајските медиуми.

Суарес на почетокот од годинава пристигна во Гремио и со бразилскиот тим потпиша договор кој важи до 31 декември 2023 година.

Уругваецот сакаше уште во летниот преоден рок да се пресели во Интер Мајами, но Гремио не го пушти и му порача да го одработи договорот до крајот.

Според уругвајските медиуми, повеќе нема никакви дилеми, Суарес наскоро ќе потпише договор со Интер Мајами и повторно ќе игра заедно со Лионел Меси, но и со Серхио Бускетс и Жорди Алба, со коишто играше во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести