Уште еден фудбалер на Лајпциг е цел на Манчестер сити

Фудбалерот кој со хет-трик сам го победи Баерн Минхен во Супер купот на Германија, Дани Олмо, е пред неочекуван трансфер. Пеп Гвардиола и Манчестер сити сакаат да го доведат во своите редови, а тоа би било втор фудбалер на Лајпциг кој во овој преоден рок ви се преселил од бундеслигашот кај Граѓаните после Јошко Гвардиол.

Интересно, Дани Олмо, слично како и Јошко Гвардиол, е поранешен фудбалер на Динамо Загреб, па касата на шампионот на Хрватска дополнително би се наполнила со десеттици милиони евра.

Откупната клаузула на Шпанецот е 60 милиони евра, но таа може да биде активирана дури следното лето. Во моментов раководството на Лајпциг ја одредува цената, а таа е веќе позната и изнесува 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести