Уште еден германски селектор доби отказ поради Јапонија: Легендата на Рома седнува на клупата на Турција?!

Поразот од 4-2 на пријателскиот натпревар против Јапонија беше пресуден за германецот Штефан Кунц да добие отказ од селекторската функција во Турција. Тој е втор германец кој добива отказ во септемврискиот прозорец откако губи на пријателски натпревар од Јапонија. Претходно отказ доби и селекторот на Германија, Ханси Флик, кој загуби со 4-1 од јапонците.

Според медиумите во Италија најголем кандидат за негов наследник има легендата на Рома, Винченцо Монтела, кој веќе има работено во Турција, и тоа во екипата на Адана Демирспор.

- Оглас -

Најнови вести