Уште еден играч на Џенова позитивен на Ковид-19, но мечот со Наполи ќе се игра

Данецот Ласе Шене е позитивен на Ковид-19, па нема да игра на вечерашното гостување на Џенова кај Наполи. Откако се дозна дека голманот Матија Перин има коронавирус, сите играчи на Џенова мораа да бидат тестирани уште еднаш, а на тие повторени тестирања, и Шене доби позитивен резултат, па ќе остане во изолација.

Сите други фудбалери на Џенова, меѓу нив и Горан Пандев, се негативни, па претпладнево отпатуваа во Неапол, каде од 18 часот се среќаваат против тимот за кој игра Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести