Откако шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља ја прослави титулата европски првак со бојадисување на косата, истото го направи и уште еден негов соиграч, Дани Олмо.
Како што вети, Кукуреља долгата косата ја обои во црвена боја, а по истиот пат тргна и Олмо, кој по освојувањето на европската титула го смени изгледот и ја обои косата, но не поцрвене, туку побеле.
Има многу шеговити коментари на сметка на Олмо, а и Кукуреља имаше што да му каже на репрезентативниот колега: „Чиста фантазија“, кажано иронично, со голема доза на сеир и шега.
Олмо е еден од хероите на Шпанија во походот кон европската титула. Поради сплет на околности, тој влезе во игра кога Педри се повреди, ја искористи можноста и стана прв стрелец на ЕП заедно со уште петмина фудбалери.