Уште еден Каталонец станува Јорганџија?

Една година откако Луис Суарес го смени дресот на Барселона со црвено-белиот на Атлетико Мадрид, најавена е нова преселба на релација „Камп ноу“ – „Метрополитано“. Уругвајскиот напаѓач беше практично избркан од страна на старата управа и покажа дека е направена голема грешка што беше пуштен толку лесно, а нешто слично се случува и со Жорди Алба.

Искусниот лев бек е ставен на трансфер-листа и набрзо може да си замине од Барселона по цели девет години и да се пресели токму кај Суарес во Атлетико. Диего Симеоне посакува да го засили шампионскиот тим со ексиграчот на Валенсија, а искуството на Алба дефинитивно ќе биде од големо значење за Јорганџиите.

Иако има 32 години, Алба одигра одлична сезона во која го освои шпанскиот Куп и со сигурност може да додаде на квалитет по левата странам, која во голем дел од натпреварите ја покрива Ренан Лоди.

- Оглас -

Најнови вести