Уште еден Македонец дебитираше во Серија А, но со шведски пасош (Видео)

Аталанта убедливо со 5:0 го победи Фросиноне на гости, во меч на кој деби во италијанската Серија А имаше уште еден Македонец. Дејан Кулушевски е 18-годишен тинејџер кој влезе во игра во 71 минута за Аталанта и ги одигра првите 20 минути во најсилната италијанска лига.

Сепак, разочарување е тоа што Кулушевски не игра под македонско знаме, туку како играч од Шведска. Тинејџерот е роден во Стокхолм, но потеклото му е од Македонија.

Дејан има два настапи за репрезентацијата на Македонија до 16 години, во кои постигна три голови. Но, потоа реши дека за него е подобро да настапува во младинските селекции на Шведска. Има повеќе од 20 настапи за младинските репрезентации на Шведска, а досега постигнал седум голови.

https://youtu.be/fkpMl-Stcso

Кулушевски игра на средината на теренот. Природна позиција му е централен играч за врска, но може да игра и по двете странични позиции. Во Аталанта игра за младинскиот тим, а денеска за прв пат доби шанса во сениорскиот состав и тоа со само 18 години, што покажува за каков талент се работи.

Претходно Дејан беше меѓу сениорите на Аталанта, но остана на клупата за резерви во Серија А на мечевите против Јувентус и Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести