Уште еден Македонец на пат кон Шкотска, Давид Бабунски станува соиграч на Трапановски?!

Шкотскиот Данди јунајтед, кој ова лето го ангажира Кристијан Трапановски од Шкупи, сериозно е заинтересиран за уште еден Македонец, Давид Бабунски.

Бабунски е слободен играч откако му заврши договорот со унгарскиот клуб Мезоковешд. Информациите од Шкотска велат дека Бабунски е во напредни преговори со Данди јунајтед, а Давид го фалат како играч кој потекнува од школата на Барселона и се спомнува дека во јапонска Јокомаха тренер му бил Анге Постекоглу, кој сега го води Тотенхем.

Ако преговорите резултираат со потпис, би се зголемила македонската фудбалска колонија во Шкотска, која во моментов ја сочинуваат и Давор Здравковски и Бојан Миовски.

 

- Оглас -

Најнови вести