Уште еден Македонец потпиша за култниот Жељо

Поранешниот играч на Вардар, Академија Пандев и на ТСЦ, Мартин Мирчевски (27), стана нов фудбалер на Железничар, потпишувајќи договор на една година со опција за автоматско продолжување на уште една година.

Тој ќе му се придружи на уште еден Македонец, Матеј Цветаноски, кој ова лето го засили Железничар.

Мирчевски ја почна кариерата во Пелистер, потоа играше за Победа Прилеп и за Беласица, пред да прејде во Трепча.

Следуваше враќање во Беласица, а во сезоната 2020/2021 постигна осум голови и забележа три асистенции во дресот на Вардар.

Потоа беше дел од Академија Пандев каде одигра одлична полусезона, на 18 натпревари постигна 16 голови и додаде четири асистенции. Во јануари 2022 година прејде во ТСЦ, чиј член беше до ова лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести