Уште еден Македонец во Шкотска: Кристијан Трапановски потпиша за Данди јунајтед!

Кристијан Трапановски од Шкупи се сели во Данди јунајтед, и ќе стане третиот македонски фудбалер кој ќе заигра во шкотската Премиер лига во која се и Бојан Миовски и Давор Здравковски.

Трапановски четири сезони беше член на чаирски Шкупи, а сега ќе заигра во далеку посилна лига од македонската и тоа во портокаловиот дрес на Данди јунајтед, клуб кој пред 40-тина години имаше дуели со Вардар во Купот на УЕФА.

Договорот на Трапановски со Данди јунајтед е на две сезони.

„Се чувствувам многу среќен, ова е огромна можност за мене. Тренирав за прв пат денес, моите соиграчи и персоналот беа фантастични со мене. Фудбалот е за навивачите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу одлични работи за навивачите на Данди Јунајтед и едвај го чекам првото градско Данди Дерби“, изјави Трапановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести