Уште еден Родриго ќе игра за Атлетико Мадрид

Родриго де Пол е на радарот на Атлетико Мадрид и постои голема веројатност да се пресели на „Ванда Метрполитано“. Најдобриот играч на Удинезе според проценките, вреди околу 25 милиони евра, а би бил вториот Родриго што летово би ги засилил популарните Јорганџии.

Пред него, Родриго Морено, натурализираниот шпански репрезентативец, родум од Бразил се пресели од Валенсија во Атлетико, а интересно е дека и Родриго де Пол има играно за Валенсија.

Аргентинецот лани беше еден од главните играчи во Удинезе, а калчолигашот се надева дека ќе успее да го задржи Де Пол барем уште една сезона, иако тешко ќе одолее на налетите на Атлетико.

Од ова лето член на Удинезе е Илија Несторовски, кој потпиша тригодишен договор со клубот од Удине.

 

- Оглас -

Најнови вести