Српскиот интернационалец Филип Костиќ кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче, каде соиграч ќе му биде сонародникот Душан Тадиќ, а во екс-ју колонијата која ја има тренерот Жозе Мурињо се и Доминик Ливаковиќ и Един Џеко.
Во Турција преодниот рок не е затворен, па ова беше единствена прифтлива опција за Костиќ кој минатата сезона го носеше дресот на Јувентус. Србинот ќе биде позајмен во Фенер, со опција следното лето целосно да биде откупен од Турците.