Барселона продолжува да бара начин да се раздели со дефанзивецот Клеман Ленгле. Французинот не е дел од плановите на Ханси Флик, а клубот треба да го намали буџетот за плати за да може да ги регистрира своите нови играчи. Затоа Барса мора да се ослободи од некои од непотребните фудбалери, а Ленгле е еден од нив.
Сега постои реална можност 29-годишниот играч да премине во Атлетико Мадрид. Раководството на мадридскиот клуб веќе се поврзало со фудбалерот и дури постигнале договор за неговите лични услови. Сега останува да се договорат и со Барселона за неговата цена.
Ленгле минатата сезона ја помина на позајмица во Астон вила, но англискиот клуб реши да не ја искористи опцијата за откуп и го врати на „Камп ноу“.