Ливерпул се наоѓа во сериозна резултатска криза. Црвените врзаа три порази по ред, два во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите против Галатасарај.
Ова е првиот ваков пад откако Арне Слот го презеде тимот минатото лето, а притисокот од навивачите сè повеќе расте. Новите засилувања сè уште не се вклопени, а атмосферата на „Енфилд“ станува сè понервозна.
Ова лето Ливерпул беше блиску до ангажман на Марк Гехи од Кристал палас. Сѐ беше договорено, играчот дури беше подготвен да тргне кон Ливерпул, но Кристал палас го стопираше трансферот во последен момент, потег што предизвика гнев кај челниците на клубот.
Се шпекулира дека Црвените ќе се обидат повторно во јануарскиот преоден рок, а доколку тоа не успее, ќе го почекаат летото кога на Гехи му истекува договорот со Палас.
Сепак, плановите на Ливерпул може да ги расипе Баерн Минхен. Според „Скај Спорт“, баварците сериозно го следат дефанзивецот и се подготвени да понудат конкретна сума уште оваа зима.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, наводно е голем фан на Гехи и сака да го донесе во Минхен.
Гехи веќе изјави дека еден ден би сакал да заигра за Реал Мадрид, но Кралевите засега не покажуваат конкретен интерес. Барселона, која исто го следеше, се повлече од трката.
Сето тоа значи дека борбата за потписот на англискиот репрезентативец најверојатно ќе се сведе на Ливерпул и на Баерн, уште една голема трансфер приказна што ќе го обележи зимскиот преоден рок.