Ражон Рондо е блиску до камбек во редовите на ЛА лејкерс откако реши да го раскине договорот со Мемфис гризлис потпишан пред само 13 дена.
Информацијата ја потврдија повеќе американски медиуми, Рондо ќе потпише минимален ветерански договор со Езерџиите на една година и ќе биде следниот искусен играч кој летово ја задолжи униформата на 17-кратниот НБА-шампион. Минатата сезона играше за вториот тим од Лос Анџелес, Клиперс, од каде што се пресели во Атланта хокс и бележеше скромен учинок.
Рондо ќе биде втора опција зад Расеул Вестбрук на плејмејкерската позиција, се одлучи да ги повтори стапките на Двајт Хауард по освоената титула во сезоната 2019/20 по која и двајцата си заминаа, но една година подоцка се одлучија за камбек.
Инаку Рондо е единствениот кошаркар во историјата на НБА кој освоил титула со двата најголеми ривали, ЛА лејкерс и Бостон селтикс.