Уште една голема ѕвезда не одолеа на саудиските милиони и ќе биде соиграч со Алиоски

По осум години поминати во тимот на Ливерпул, Роберто Фирмино си заминува од „Енфилд роуд“, и тоа за да заигра во првенството на Саудиска Арабија. Докажаниот напаѓач и репрезентативец на Бразил се согласи да потпише тригодишен договор со Ал-Ахли.

Бразилецот потпиша тригодишен договор со Ал-Ахли, што значи дека тој ќе остане во Саудиска Арабија до 2026 година. За овој период, Фирмино финансиски одлично ќе профитира и за тригодишната верност ќе заработи 60 милиони евра.

Фирмино во дресот на Ливерпул одигра 362 настапи и постигна 111 гола, а имаше и 79 асистенции. Ал-Ахли е тим во којшто  летово дојде и голманот на Челзи, Едуард Менди, а таму е и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Популарниот Џани беше на позајмица во Фенербахче, но таа позајмица заврши и сега повторно треба да е дел од тимот од Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести