Уште една легенда ги закачи копачките на клин: Леонардо Бонучи ја заврши кариерата

Италијанскиот фудбалер, Леонардо Бонучи, одлучи да стави крај на активното играње фудбал и да замине во пензија. Легендарниот италијанец во пензија оди како фудбалер на Фенербахче, а во есенскиот дел настапуваше за екипата на Унион Берлин. Последните месеци се мачеше со повреди, па за гигантот од Истанбул одигра само 11 натпревари.

Леонардо Бонучи со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство во 2021-вата година, а во клупската кариера деветпати беше шампион на Италија, а по петпати го освојуваше Купот на Италија и Суперкупот на Италија. За репрезентацијата одигра 121 натпревар.

- Оглас -

Најнови вести