Уште една одлука во шпанскиот фудбал која ќе го налути Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија ја прифати жалбата на Бетис и го поништи црвениот картон кој го доби Антони во претходното коло. Бразилецот кој пред еден месец дојде во Бетис и тоа како позајмен играч од Манчестер јунајтед, беше исклучен и тоа во 90+4 минута на дуелот против Леванте.

 

Тоа значеше дека Антони автоматски нема да може да настапи на следниот меч во првенството, а тоа е дуелот против Реал Мадрид. Од Бетис вложија жалба, а Дисциплинската комисија утврди дека судијата згрешил и не требало да му покаже директен црвен картон на Бразилецот.

Бразилецот одигра шест меча откако дојде во Бетис и веднаш се покажа како вистински лидер. Постигна три гола, а имаше и една асистенција, а на дури три меча беше прогласен за МВП на средбата.

Сега Антони ќе биде на располагање на тренерот Мануел Пелегрини за дуелот против Реал Мадрид кој ќе се игра на 1 март.

- Оглас -

Најнови вести