10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Уште една победа на Шкендија и Македонија пак ќе има четири клуба во Европа

Триумфот на Шкендија над Лудогорец донесе нови 250 поени за Македонија на ранг-листата на УЕФА, која се прави врз основа на учинокот во европските купови, и сега Македонија сериозно се доближи до Црна Гора, која е 50-та во Европа.

Тоа 50-то место над цртата е многу важно затоа што носи четири клуба во Европа. Следната сезона ќе имаме само три тима, но ако бидеме 50-ти, потоа во 2027 би се вратиле на четири претставника во еврокуповите.

Црна Гора веќе нема екипи во Европа, а Македонија, која заостанува само 167 поени, има еден. Ако Шкендија добие уште некој меч сезонава во Европа, а ќе има многу прилики за тоа, Македонија би се нашла пред Црна Гора и тоа ќе значи еден клуб плус во Европа, што би било добра вест за нашиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести