Уште една „статива“ во Полноќниот експрес

Вчерашниот Полноќен експрес ќе ги израдуваше нашите типувачи кои веруваат во нашите анализи и редовно ги следат овие совети за типување. Во понудата имаше четири натпревари, еден хокеј меч од НХЛ лигата и три фудбалски дуели од МЛС лигата во САД, а разочара само средбата меѓу Сиетл саундерс и Хјустон Дајнамо.

Првиот тим кој точно го прогнозиравме беше средбата од конференциското финале на Западот меѓу Сан Хозе шаркс и Сент Луис блус. Типувавме победа на домаќинот, а Ајкулите славеа со 6-3.

Во МЛС лигата, актуелниот лидер на табелата во Западната конференција, тимот на Лос Анџелес триумфираше со убедливи 3-0 на гостувањето кај Колумбус, а ние се надевавме на победа на гостинот или реми, да има повеќе од два гола, но помалку од четири.

Колорадо и Солт Лејк ги оправдаа очекувањата. Средбата заврши со 3-2 во корист на гостите, а ние типувавме дека ќе има најмалку еден гол во првото полувреме, а два погодоци ќе се постгнат во вториот дел. Резултатот по првите 45 минути гласеше 2-1, а во второто полувреме на двете страни се постигнаа уште по еден гол.

Добивка спречија Сиетл саундерс и Хјустон дајнамо. Очекувавме триумф на домаќините надополнет со најмалку три погодоци на средбата, но таа заврши со минимални 1-0.

Вкупниот коефициент од овие четири типови е 28.77, штета што за два погодоци Полноќниот експрес е неуспешен. Денес повторно ќе има нови предлози за типување со кои обложувачите во Sport Life обложувалници може да дојдат до добивка, очекувајте го Полноќниот експрес околу 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести