Уште една трагедија: Загина мотоциклистот Борха Гомез

По веста за трагичната смрт на Диого Жота, уште една тажна информација ја потресе спортската јавност. На само 20-годишна возраст животот го загуби поранешниот Мото2 возач, Борха Гомез.

Тимот Хонда Лаглис ја потврди трагедијата, соопштувајќи дека младиот шпански моторциклист починал по несреќа на тркачката патека за време на првиот слободен тренинг во третата рунда од Европскиот шампионат.

Трагичниот настан се случил на патеката Мањи-кур, кога Гомез паднал, а потоа бил удрен од друг мотоклист кој не успеал да избегне контакт.

„Со огромна тага во срцата, мораме да соопштиме дека Борха Гомез трагично го загуби животот на патеката Мањи-кур, по сериозен инцидент за време на слободниот тренинг во рамки на Европскиот шампионат. Покрај тоа што беше извонреден натпреварувач, Борха беше и прекрасен човек. Неговата добрина и насмевка ќе ги паметиме засекогаш. Ќе остане во нашите срца. Во име на целиот тим на Лаглис, изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите во овие исклучително тешки моменти. Почивај во мир, Борха, те сакаме“, стои во соопштението на тимот.

Гомез имаше 15 настапи во Мото2 шампионатот во периодот од 2022 до 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести