Уште една земја го откажа учеството на ЛОИ !

Спортистите од Гвинеја нема да се најдат на свеченото отворање на Олимписките игри во Токио откако челниците на оваа западноафриканска земја решија да го откажат настапот на најголемиот спортски собир.

Вкупно петмина спортисти требаше да ја преставуваат Гвинеја на Игрите, но тие нема да учествуваат поради повторно зголемениот број на заразени од корона-вирусот.

„Поради повторното оживување на корона-вирусот, владата е загрижена за здравјето на спортистите од Гвинеја и затоа е донесена одлука да не учествуваат на Олимписките игри во Токио“, стои во одлуката која ја пренесе министерот за спорт, Сану Бантама Соу.

Некои шпекулираат дека вистинските причини поради кои Гвинеја нема да има спортисти во Токио е тоа што Министерстовто за спорт нема пари да ги плати патот и сместувањето на своите пет спортисти кои требаше да ги бранат боите на својата земја во борење, џудо, пливање и атлетика.

Ова е прво отсуство на Гвинеја од ЛОИ од Игрите во Монтреал 1976 година. На досегашните 11 настапи на ЛОИ, оваа земја уште нема освоено ниту еден медал.

Гвинеја е втората земја која го откажа учеството на ЛОИ, откако претходно тоа го направи и Северна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести