Уште една ѕвезда ќе потпише во Саудиска Арабија: Еден од најдобрите дефанзивци ќе има смешна плата во споредба со Роналдо и Бензема

Пазарот на најголемите фудбалски ѕвезди на арапските екипи не застанува. Вечерва светските медиуми објавија дека Серхио Рамос ќе потпише за Ал-Ахли од Саудиска Арабија, и тоа за „минималец“ само од 20 милиони евра.

Ова секако дека треба да ги загрижи Кристијано Роналдо и Карим Бензема бидејќи за противник ќе го имаат рекордерот по бројот на црвени картони во шпанската Ла Лига.

На 37-годишниот Рамос му заврши договорот со ПСЖ и е во потрага по нов клуб, а шансите за останување на „Паркот на принцовите“ се минимални.

- Оглас -

Најнови вести