Прогнозите за повредата на Лука Модриќ беа лоши за него и за Реал Мадрид. Се предвидуваше пауза од 15-тина денови, а под знак прашање беше доведен дури и дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Сепак, славната белградска докторка, Маријана Ковачевиќ, уште еднаш ја покажа на дело својата способност. Третманите кај неа вродиле со плод и Лука Модриќ се врати на фудбалските терени многу порано од предвиденото.
Хрватот дури влезе и во игра на финалето од шпанскиот Куп против Осасуна, кој Реал го доби со 2-1. Модриќ влезе во игра во 82-рата минута, а како што изјави Анчелоти, тоа го сторил за да го сочува за дуелот против Манчестер Сити.