Уште едно големо засилување пристигнува во Барселона: Фудбалерот на Сити е пред портите на Ноу Камп

Барселона е пред ангажман на ново големо засилување и повторно од екипата на Манчестер Сити. Десниот бек, Жоао Канселао, во новата сезона би требало да се пресели во Каталонија како позајмен фудвалер од Сити.

Португалецот иако е фудбалер од одбраната, сепак сака да учествува и во нападите во екипите во кои настапува, па со причина во Барселона од него очекуваат да биде новиот Дани Алвеш.

Канселона кариерата ја започна во Бенфика, а настапуваше и за Валенсија, Интер, Јувентус и Баерн Минехн.

- Оглас -

Најнови вести