Лионел Меси го доби признанието за најдобар светски фудбалер за изминатата деценија од страна на Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика.
Неодамна Кристијано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер во Европа за периодот од 2011 до 2020 година, меѓутоа во светски рамки Меси е на врвот.
ИФФХС во меѓувреме ги одреди и топ 10 фудбалерите за изминатата деценија, а по Меси и Роналдо, на листата се најдоа уште Андрес Иниеста, Нејмар, Серхио Рамос, Мануел Нојер, Роберт Левандовски, Џанлуиџи Буфон, Златан Ибрахимовиќ и Лука Модриќ.