Арон Ван-Бисака во 2019 година направи трансфер од Кристал палас во Манчестер јунајтед за 55 милиони евра. Фудбалерот на „Олд Трафорд“ собра 130 настапи во дресот на Црвените ѓаволи, но сега си заминува за сума што е и повеќе од трипати помала од таа што го купија.
Поранешниот младински репрезентативец на Англија и ДР Конго потпиша за Вест хем за сума од 17,6 милиони евра. Чеканите од Лондон гледаат потенцијал во него и големо засилување за претстојната сезона.