Уште едно спортско семејство жали: Американски тренер, ќерката и жена му биле во хеликоптерот на Коби Брајант

Тренерот на бејзбол-екипата Оранж коуст, Џон Алтобели, неговата ќерка Алиса и жена му Кери се меѓу загинатите во хеликоптерската несреќа во која загинаа легендарниот Коби Брајант и неговата најстара ќерка Џана. Братот на тренерот Алтобели, Тони, потврди дека неговиот брат и неговото семејство биле во хеликоптерот кој се урна во местото Калабасас.

Џана Брајант и Алиса Алтобели биле соиграчки во Мамба академијата и патувале кон Таусанд Оукс, каде што требало да играат натпревар. За жал, хеликоптерот од засега непознати причини се урнал, а веднаш потоа и се запалил, па немало спас за вкупно деветтемина луѓе кои патувале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести