Данецот Холгер Руне е прв финалист на тенискиот Мастерс во Рим. Тој попладнево го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6-7, 6-4, 6-2, и ја продолжи победничката низа во италијанската престолнина, каде во минатото коло го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
Ова беше петти меѓусебен дуел на Руд и Руне, а првпат победи Данецот кој уште нема освоено АТП турнир на земјена подлога, па се наоѓа пред најголем успех во кариерата на најбавната подлога.
Противник на Руне во финалето ќе биде Стефанос Циципас или Данил Медведев.