Остануваат уште само неколку часа до официјалниот почетокот на новотото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Тоа значи дека ви останува уште малку време да ги пополните вашите типови, секако доколку тоа веќе го немате сторено.
Од она што го типуваат играчите на Спортската прогноза, може да се заклучи дека ова ќе биде викенд на домашните екипи, со оглед дека процентот за победа на гостите е многу мал. Единствената екипа која има над 50% шанса за победа на гости е Фрајбург, додека на сите останати натпревари се очекуваат победи на домашните екипи или пак владее голема неодлучност.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.